Утрински Весник
Политички Партии

Компанијата „Зегин“ со поддршка за летно другарување на големото семејство СОС Детско село

Компанијата „Зегин“ со поддршка за летно другарување на големото семејство СОС Детско село

Вистинските пријателства се цврсти и искрени, полни со љубов, разбирање и хуманост.

dobivaj vesti na viber

Долгогодишното пријателство помеѓу Фондацијата Др.Верица Механџиска, Компанијата Зегин и С.О.С Детско село придонесе оваа година штитениците од С.О.С Детско село да уживаат во летниот камп во Охрид и во безгрижните денови исполнети со многу игри, песни и радост.

Пред самиот почеток на новата учебна година помалите и поголеми членови од ова убаво и големо семејство се вратија од десетдневната релаксација и уживање покрај вода, подготвени за нов и свеж почеток на новата успешна училишна година.

“Хуманоста како гранка која е карактеристична за Зегин уште од самите почетоци продолжува да расте и да се развива преку нашата Фондација. Соработката со С.О.С Детско Село ќе продолжи и понатаму и се надеваме дека заедно ќе изреализираме уште многу успешни проекти,зашто секое дете заслужува среќа”, ни изјавија сопственичките на Компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, Викторија и Христина Механџиски.

(ПР)

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт