
Во последните 24 часа на неколку онлајн портали се споделува лажна информациja дека „купувачите кои купувале онлајн на dm сајтот (или лажно изработена страна од нивниot бренд) за козметички производи им се повлекувани по 4.295 денари и префрлени се на фирма во Даблин, Ирска “.
dm drogerie markt остро ја демантира оваа вест и информациите споделени не се точни.
Oфицијалната македонска веб страница на dm drogerie markt e https://www.dm.mk/ . На оваа страница не постои можност за онлајн продажба и купување на dm производи преку webshop или било какви други можности за купување на производи од асортиманот на dm drogerie markt. Ги потсетуваме граѓаните дека продажбата и можноста за купување на dm производи се води исклучиво во dm дрогериите на територијата на Македонија.
Во однос на наградните игри, за жал, на социјалните мрежи и другите канали за комуникација сè почесто се појавуваат лажни наградни игри во кои се злоупотребува името на dm компанијата како организатор на истите. dm не стои зад наведените наградни игри, бидејќи сите дарувања на своите следачи ги спроведува исклучиво на верифицираните страни и профили на социјалните мрежи.
За потсетување- официјалните профили на dm drogerie markt во Македонија на социјалните мрежи се следните :
Instagram: https://www.instagram.com/dm_makedonija/
Facebook: https://www.facebook.com/dm.Makedonija
Tik-Tok: https://www.tiktok.com/@dm_makedonija
Доколку учество во било каква наградна игра ви биде понудено телефонски (преку повик, смс порака, преку WhatsApp или Viber) или на друг начин кој не е наведен, во нив – со цел заштита на вашите податоци – немојте да учествувате!
Како да ги препознаете лажните игри?
Во продолжение ви даваме неколку совети, како да ги препознаете лажните наградувања и како да не станете жртва на измама.
Примамливи цени, магични патувања или огромни износи: Лажните наградни игри честопати се толку добро осмислени, за голем број на луѓе да поверуваат и да станат жртви на истите. Во име на компанијата која на луѓето им ја подарува својата безрезервна доверба, измамниците пробуваат да ги измамат своите жртви и да ги земат нивните податоци, понекогаш пари, или да вметнат злонамерен софтвер во нивните мобилни уреди или компјутери.
5 совети како да се заштитите од лажните наградни игри
dm во нашата земја честопати е предмет на вакви наградни игри. Правна реакција против организаторите во многу ситуации не е возможна, па ги молиме нашите потрошувачи да бидат посебно внимателни. Врз основа на следните потточки, можете да проверите дали dm е навистина организатор на наградната игра:
Дали профилот на организаторот на наградната игра е исправен?
Facebook и Instagram ги верифицираат профилите на јавните личности, признаените брендови и компании. Истото важи и за профилите на dm во нашата земја, преку кои се организираат наградните игри.
Дали веб страната е исправна?
Ова може да го препознаете врз основа на URL-то на веб страната. Доколку доменот е различен од dm.mk, станува збор за лажна веб страна која организира наградна игра во наше име.
Дали страната содржи важечки импресум?
Проверете ги податоците за контакт на сопственик на страната и побарајте можност за контактирање.
Дали се назначени условите за учество во наградната игра?
Кога се во прашање наградните игри кои ги организира dm во нашата земја, секогаш се назначени точните услови за учество, со што истата станува транспарентна. Во наградните игри кои ги организираме во нашата земја, може да учествуваат само оние кои се жители на нашата земја.
Важно: dm во нашата земја никогаш не организира наградни игри по пат на телефон или e-mail
Се сомневате дека сте жртва на лажна наградна игра? Добивате повици од непознати броеви или сомнителни известувања по пат на e-mail? Ве советуваме да не ги земате предвид и да се обратите до тимот на dm drogerie markt доколку имате некој дополнителен сомнеж.