Утрински Весник
Спорт

Компанијата „Брера“ потврди дека го купи мнозинскиот пакет акции во Академија Пандев

Компанијата „Брера“ потврди дека го купи мнозинскиот пакет акции во Академија Пандев

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев официјално има нов сопственик. Италијанско-американската компанија „Брера Холдингс“, која пред една недела излезе на најголемата светска берза во Њујорк, го потврди преземањето на клубот од Струмица, кој досега беше во стопроцентна сопственост на Горан Пандев.

dobivaj vesti na viber

„Компанијата „Брера Холдингс“ ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе форсира за ширење и промоција на брендот Брера во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера, планот е да се зголеми тимскиот напредок“, изјави извршниот директор на Брера, Серџо Скалпели.

Академија Пандев во вториот дел од сезоната ќе се бори за опстанок во елитата. Првата фудбалска лига на Македонија продолжува претстојниот викенд.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ