Утрински Весник
Македонија

Комисиска расправа за Предлог законот за вработените во Министерството за одбрана

1708671394 Sobranie.jpg

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Членовите на овие две собраниски комисии ќе дискутираат по една точка – Предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана, во второ читање.

Како што стои во образложението за Предлог-законот објавен на собраниската веб-страна, целта на законот е воведување на нови стандарди во работните процеси во Министерството за одбрана и воспоставување на ефикасен систем за управување со човечките ресурси во одбраната, согласно со стандардите на земјите членки на НАТО.

-Вработените во Министерството за одбрана ги вршат работите и работните задачи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, закон, други прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Северна Македонија.

Начелата врз кои се заснова законот во оваа смисла се: начело на соодветна и правична застапеностпри вработувањето, начело на родова еднаквост, начело на недискриминација, начело на управување со ефектот на вработените, начело на професионална етика, непристрасност и објективност, начело на транспарентност, начело на доверливост, начело на одговорност, начело на спречување судир на интереси, начело на неспоивост со политичко делување и начело на економично користење на средства, се вели во образложението по предлог-законот.

Предлогот на закон, се посочува во образложението, се нуди како единствено можно решение за создавање на услови за воспоставување на ефикасен систем за менаџирање со човечките ресурси во одбраната, создадавање на услови за градење на персонал за работа на НАТО позиции, постигнување согласност со стандардите во работните процеси со земјите членки на НАТО во однос на управувањето со човечките ресурси во одбраната.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер