Утрински Весник
Македонија

Комисијата за финансирање прифати два амандмана – за исплата на администраторите на избирачкиот процес и за платено политичко рекламирање

Medium 1.webp.webp

Комисијата за финансирање и буџет на денешниот последен ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот прифати два амандмана, за исплата на административците кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, како и за платено политичко рекламирање. Амандманите ги поднесоа пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред завршувањето на седницата.

Стојаноски со амандманот побара 318 милиони денари за изборната администрација, а Стојаноска 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека двата амандмана се прифатливи, зашто, објасни, се работи за исплата на законски обврски.

-Во целата диксусија за ребалансот провејуваше наратив дека одредени средства државата требало законски да ги предвиди, но тоа не било сторено. Затоа, сакам да предложам амандман со кој ќе се обезбедат средства со кои ДИК ќе може, согласно законските обврски, да ја изврши исплатата кон сите што беа администратори на избирачкиот процес – избирачките одбори и сите други ангажирани во имплементирањето на еден демократски изборен процес.  Ова е нешто што по секои избори се врши, но во текстот на Буџетот за ова не беа обезбедени средства иако ДИК двапати со писмен допис се обратила до Министерството за финансии, но дописот не добил позитивен одговор. Затоа сметам дека ние мора да ги обезбедиме овие средства, да го заокружиме процесот и тие што учествувале во него да го добијат соодветниот надомест што законски им следува, објасни Стојаноски.

Пратеникот Сали Мурати од коалицијата Европски фронт, во ваквиот потег, на крај од седницата и расправата да се предлагаат пвие амандмани, препозна политички маркетинг.

-Овие амандмани можевте да ги поднесете претходните денови, а не сега, пред крај на расправата, укажа Мурати.

Можете да прочитате

ДУИ: Ние сме гарант за мирот

ОЈО Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Косово во заеднички истражен тим, уапсен осомничен за фалсификување евромонети

Филипче: Сите информации за можна дестабилизација Мицкоски да ги сподели со институциите