Утрински Весник
Магазин

Коментари: Корден треба да им се извини на келнерите – нека им даде бакшиш

Коментари: Корден треба да им се извини на келнерите – нека им даде бакшиш

ТВ водителот Џејмс Корден предизвика дебата на социјалните мрежи откако му се извини на Кит Мекнали, сопственик на популарен ресторан во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

Всушност, угостителот му забранил на комичарот да влезе во ресторанот поради неговото однесување и го нарекол гостин кој најмногу го малтретирал персоналот во 25-годишната историја на ресторанот.

А сега, повеќето корисници на социјалните мрежи тврдат дека Корден треба да му се извини на персоналот во ресторанот, а не на сопственикот. Многумина го обвинуваат водителот што се извини дури откако заврши во медиумите.

„Смешно е како се извини откако медиумите ја објавија оваа приказна“, „Дали ќе се извинеше ако не го прозваа?“ се дел од коментарите на „Твитер“.

„Се надевам дека ќе дојде во ресторанотот и ќе им се извини на келнерите и ќе им даде голем бакшиш затоа што мораа да ги трпат неговите небулози“, велат други.

Познатиот водител се извини откако сопственикот на францускиот ресторан „Балтазар“ во њујоршкиот кварт Сохо му забрани влез во ресторанот поради неговото однесување.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата