Утрински Весник
Свет

Командантот на злогласната единица ги откри плановите на Пригожин

Командантот на злогласната единица ги откри плановите на Пригожин

Припадниците на руската паравоена група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин се подготвуваат да се преселат во Белорусија врз основа на договорот со кој заврши нивниот бунт против руското воено раководство, изјави денеска високиот командант на „Вагнер“ Антон Јелизаров.

dobivaj vesti na viber

Јелизаров, чиј прекар е Лотус, на Телеграм напиша дека борците на „Вагнер“ сега се на одмор до почетокот на август, по наредба на Пригожин, пред да се преселат во Белорусија.

Јелизаров истакна дека мора да се подготват бази и полигони и да се оствари соработка со локалните самоуправи и органите на редот на Белорусија.

Не е јасно каде точно се Пригожин и борците на „Вагнер“ по неуспешното востание од 23 до 24 јуни.

Според договорот со кој заврши бунтот, Пригожин требаше да се пресели во Белорусија, а на неговите борци им беше дадена опција да одат во Белорусија, да се приклучат на редовните вооружени сили на Русија или да си одат дома.

Сепак, белорускиот претседател Александар Лукашенко во четвртокот рече дека Пригожин и илјадници негови борци се во Русија, што ги наметна прашањата за спроведувањето на договорот.

Можете да прочитате

(Видео) Гори во кругот на нуклеарната централа Запорожје

Вон контрола големиот пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Русија употреби термобарична бомба во Курск