Утрински Весник
Македонија

КОЛУМНА НА ИВАН АТАНАСОВСКИ: ДЕНОТ НА ТРУДОТ, ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА РАБОТНИКОТ

Prvi maj.jpeg

Денес е меѓународениот ден на трудот, меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Јас сум убеден дека повеќе од кога и да е денес работникот е најпотребен за општеството. Денес, имаме дефицит на работна сила во нашата држава осебно во летниот период кога туризмот и градежната сезона ги регрутираат работниците од целиот регион. Овој податок се должи на тоа што стандардот на нашиот работник во Македонија не е на посакуваното ниво и од тие причини многу наши сограѓани заминуваат на сезонска работа пред се во туристичките дестинации кои се најпривлечни за сезонските работници. Затоа мислам дека е многу важно тоа да нашата држава почне сериозно да го вреднува работникот да му овозможи стабилен социјален живот овде кај нас преку обезбдеување на приближно иста минимална плата како во земјите од опркужувањето туку и од земјите од ЕУ. На пример минималните плати во земјите од Европската унија покажуваат значителни разлики меѓу самите земји членки, при што месечните бруто минимални плати се движат од 551 евра во соседна Бугарија до 2.638 евра во Луксембург. Во споредба со регионот на Западен Балкан, минималните плати исто така варираат кај нас во Македонија минималната плата изнесува по новите мартовски пресметки 398 евра месечно, додека во соседна Србија во 2025 година, минималната плата достигала 458 евра, што претставува зголемување од 13,7% во споредба со претходната година, во Босна и Херцеговина или во Федерацијата БиХ, од 1 јануари 2025 година, минималната плата е зголемена на 1.000 конвертибилни марки што е околу 511 евра, што е пораст од 61,5% во однос на претходните 619 конвертабилни марки или 316 евра и во Црна Гора по новите фискални закони усвоени во септември, минималната плата се движи од 600 до 800 евра, зависно од степенот на образованието.

MK Summit

Претходно, минималната плата изнесувала 450 евра, што значи дека има зголемување од 33%. Овие податоци укажуваат на значителни разлики во минималните плати меѓу земјите пред се во регионот, што значително влијае на животниот стандард на работниците кои за жал мораат да си ги бараат своите права за подобар стандард или во регионот каде предност има Хрватска или во поразвиените земји од Европската Унија. Но и покрај зголемувањата на минималните плати во некои од овие земји остануваат под просекот на ЕУ, што претставува предизвик за економската конвергенција и социјалната кохезија во регионот. Имам чувство дека денес постои игнорантски однос на Владата кон работничките права во делот на подобрување на животниот стандард на работникот во Македонија од една страна, но исто така и самите работодавачи во најголем процент не го вреднуваат нашиот работник или попрецизно кажано го потценуваат во делот на месечните примања кои се пред се законска обврска и во наградувањата за ангажираност на работникот. Факт е тоа дека работникот е и повеќе од потребен за унапредување и развој на нашето општество но ако истиот тој работник не е вреднуван, почитуван и наградуван тешко дека тој ист работник ќе му се одоложува на општеството. Денес, сите ние сме сведоци и тоа јавно го коментираме дека е многу тешко да се најдат работници, дека е многу тешко да обезбедите мајстор за дома, многу е тешко да најдете водоводџија, плочкар, електричар и слично и таа ситуација е застрашувачка па затоа позицијата на работникот мора да се покачи на повисоко ниво оти ни се потребни да ни ја завршат работата, да ни обезбедат профит во компанијата, да ни направат професионален позитивен резултат, но сепак никогаш најголем дел од нас не сме се запрашале како им е на тие луѓе каков однос манифестира државата кон нив. Кога државата оваа ќе го осознае и кога ќе го промени тој игнорантски однос но и газдите полека но сигурно ќе се врати спокојот кај секој работник во нашата држава и при тоа ќе се определат да останат тука и да ја градат оваа држава наспроти потребите на западниот свет. И конечно не сите работници си заминале од оваа држава поради тоа што немаат стандард, туку од фактот дека овој систем не ги вреднува и не им остава простор да работат чесно, да егзистираат и да формираат свое семејство овде а не во Словенија, Хрватска, Немачка и другите европски и не-европски држави. Затоа, факт е тоа дека економската и социјалната состојба во една држава за секој поединец може да се подобри единствено преку ефективен социјален дијалог. Социјалните партнери како претставници на работниците и работодавачите, преку учество во социјалниот дијалог, имаат можност да дадат свое мислење во насока на креирање на најсоодветните решенија во трудовата, економската и социјалната област а Владата мора да биде посредник во тој процес.


Нека е честит 1 мај денот на трудот т.е. денот на работникот и затоа лично посакувам да се изборат за своите права оти тие се повеќе од потребни на оваа општество.

Можете да прочитате

Алкохол, паника и бегство – рација на МВР на концерт со малолетници во Дојран

Денот на трудот, враќање на достоинството на работникот

Тошковски: Истрагата за пожарот во Кочани открива незаконито постапување и институционални пропусти