Утрински Весник
Спорт

Колумбијките се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство

Колумбијките се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство

Фудбалерките на Колумбија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство откако на стартот од нокаут фазата на турнирот ја совладаа Јамајка со 1:0.

dobivaj vesti na viber

Решавачкиот гол беше постигнат во 51. минута кога Ана Гузман и асистираше на Каталина Усме, која ја совлада голманката на Јамајка.

Колумбија е единствената репрезентација од Јужна Америка која се пласираше во нокаут фазата и сега го продолжува патот до финалето на Светското првенство.

Пласманот во четвртфиналето е историски успех за Колумбија. Фудбалерките од оваа земја, претходно, никогаш не успеале да се пласираат во осминафиналето.

Следен противник на Колумбија ќе биде Англија, а натпреварот е закажан за в сабота од 12:30 часот.

Можете да прочитате

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ