Утрински Весник
Спорт

Коло Муани уште е „прогонуван“ од промашувањето во финалето

Коло Муани уште е „прогонуван“ од промашувањето во финалето

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт и на француската репрезентација, Рандал Коло Муани признава дека не може да се помири со неговото промашување во последните минути од финалето на СП во Катар, по кое Аргентина ја совлада на пенали Франција за најголемиот трофеј во фудбалот.

dobivaj vesti na viber

24-годишниот Коло Муани во 126. минута од мечот излезе пред аргентинскиот голман Емилијано Маартинез, но не успеа да го совлада, откако Мартинез имаше фантастична одбрана. Тој признава дека тој момент ќе остане со него до крајот на животот.

„Уште понекогаш ја гледам ситуацијата, веќе ја знам напамет. Во мојата глава си велев, Рандал мораш да шутираш сега. Се обидов да шутирам до поблиската статива, но голманот имаше многу добра одбрана. Но, имав и други опции – можев да го лобувам, да го најдам Килијан Мбапе на другата страна на теренот. Но, во тој момент не го видов. Дури кога ја гледам снимката гледам колку опции имам. Сега е предоцна. Уште ми стои во грлото и ќе биде таму цел живот“, вели Коло Муани.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина