Утрински Весник
Спорт

Колман побрз од Лајлс

20240302082610 big 730x400 73.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во најинтересното финале на првиот ден од Светското атлетско првенство во сала во Глазгов, трката на 60 метри во машка конкуренција, светскиот рекордер во оваа дисциплина Американецот Кристијан Колман го освои златниот медал пред сонародникот Ноа Лајлс.

Колман во финалето истрча најдобар резултат оваа година во светот од 6.41 секунди.

Второпласираниот Лајлс заостана три стотинки, а Аким Блејк од Јамајка ја освои бронзата со време од 6, 46 секунди.

На вториот ден од СП во Глазгов својот настап вечерва ќе го има единствениот македонски претставник Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина.

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025