Утрински Весник
Свет
Img 7972

Колку заработуваат гондолиерите во Венеција?

Veneci A.webp.webp
Img 7972

Една од најпопуларните туристички дестинации во Италија –   Венеција, нудеше можност луѓето да живеат во овој град и да работат за плата од 150 илјади евра годишно.

Венеција се доведе во ситуација да мора да бара возачи на гондолите кои ги шетаат туристите низ култните градски канали. Кандидатите мораа да имаат минимум 18 години, средно образование, да знаат да пливаат и да зборуваат италијански.

Тие кои ќе станат гондолиери прво ќе мора да поминат шестмесечна обука која чини околу 1000 евра, за 400 часа обука.

Венеција итно бараше илјада кандидати за оваа работа.

По завршувањето на обуката, кандидатите ќе добијат сертификат и дозвола за управување со гондола. Тие кои ќе ја добијат оваа работа ќе мора сами да ја одржуваат својата гондола до 11 метри.

Официјалната тарифа за 30-минутно возење е 80 евра. Цената на возење по 19 часот се качува и до 100 евра. Ако сакате гондолиерот да пее или да свири инструмент додека вози, се плаќа дополнително.

Можете да прочитате

Израел ќе го отвори граничниот премин Рафах и ги откажа планираните акции против Хамас

3,9 милиони долари за ЛБГТ проекти во Западен Балкан: Спикерот Џонсон објави што бараат демократите за да ја одблокираат владата на САД

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција