Утрински Весник
Магазин

Колку често и како да ги перете фармерките

Pexels Neosiam 603022 1024x680 1.jpg
Dik 300x250 mk

Тексасот бил измислен пред повеќе од 150 години. Директорот за дизајн на Левис, Пол О’Нил, објасни колку често фармерките треба да се перат.

За странските медиуми тој објасни дека фармерките треба да се перат во студена вода за да не избледе бојата, но и циклусот на центрифугирање да не биде премногу силен. Исто така, уште еден совет – никогаш не ги сушете во машина за сушење!

„Колку почесто го перете тексасот, толку посветол ќе биде“, рече тој.

Мери Лон Рајан која е ко-основач на брендот за облека „Bassike“ вели фармерките да се перат само кога е потребно и со мала количина благ детергент.

„Ги перам превртени наопаку за да ги заштитам надворешните влакна, на нежен циклус, доколку имаат дамка“, објаснува Мери.

Од друга страна, стилистката Џејн Херман смета дека вие сте единствената личност која може да одлучи колку често треба да ги перете фармерките. Советите на оваа блогерка се слични на оние на другите експерти: студена вода, мала количина благ детергент и „сушење на сонце до крај“.

Извор: svet.rs

Можете да прочитате

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Имате над 40 години и сакате да ослабите: само една навика ќе ви помогне

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес