Утрински Весник
Спорт

Колина е за подолги судиски продолженија: Никој не сака мечеви од 43 минути!

Колина е за подолги судиски продолженија: Никој не сака мечеви од 43 минути!

Пјерлуиџи Колина, славниот поранешен италијански судија, а сега шеф на судиската организација кај ФИФА е сигурен дека планот на светската федерација за големување на ефективното време на игра ќе биде успешно, посочувајќи дека никој не сака да гледа мечеви кои траат ефективно само 43 минути.

dobivaj vesti na viber

На Светското првенство во Катар, ФИФА ги изненади сите откако мечевите имаа по 10-тина минути продолжение во групната фаза, и Колина верува дека фудбалерите добиле лекција дека не треба да „трошат“ време. На состанокот на ИФАБ, телото кое ги утврдува фудбалските правила беше потврдено дека тој приод на долги судиски продолженија треба да се воведе глобално.

Според Колина, не се работи за додавање на дополнително време туку за компензирање на времето одзмено од повреди, замени, пенали, црвени картони, ВАР-проверки и прослави на голови. Според него, на СП во Катар имало просечна ефективна игра од 59 минути и 47 секунди по меч, во споредба со 55 минути и 41 секунди пред четири години во Русија. Во споредба во Премиерлигата просекот е 54 минути и 19 секунди.

„Мислам дека направивме нешто корисно на Мундијалот. Според бројките, тоа не се гледа. Минатиот викенд во Премиерлигата во 10 меча четири од нив имаа 10 минути, две 12 минути, а еден 14 минути судиско продолжение. Тоа значи дека веќе има мечеви од над 100 минути. Тоа не е ништо ново, но важно е да има постојаност. Критериумите се јасни и кога има постојаност секоја одлука подобро се прифаќа. Не се работи за дополнителна игра, туку за компензација на времето во кое не се игра. Не сакаме да дојдеме до 70 или 75 минути ефективна игра, но сакаме да избегнеме мечеви од 43 минути. Астон вила и Брентфорд оваа сезона играа 43 минути, и не верувам дека некој сака да гледа таков меч“, вели Колина.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари