Утрински Весник
Македонија

Кокаин, марихуана, амфетамин и пари пронајдени кај 30-годишен кавадарчанец

Кокаин, марихуана, амфетамин и пари пронајдени кај 30-годишен кавадарчанец

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје денеска го лишија од слобода Ј.А.(30) од Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Имено, по претходно преземени мерки и активности и врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот во Кавадарци во кој тој престојувал, при што биле пронајдени една ќеса и повеќе пакувања со марихуана, пакување со кокаин, пакување со амфетамин, дигитална вага со траги од дрога и поголем износ на пари во различни валути.

Полицијата соопшти дека Ј.А. е приведен во ОВР Кавадарци и по комплетно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Идната недела ќе се знае кога почнуваат протестите на ССМ

Тестирање на сообраќајните камери во Скопје од 20 до 31 јануари

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје