Утрински Весник
Македонија

Кои се министрите кои се спасија од обвинение за пожарот во „Пулс“

Bekik kuki 1536x864 1.jpg

Запрена е постапката за одговорност кај Беким Незири кој беше министер за економија од 2014 до 2016 година и Дритон Куќи, кој беше министер за економија од 2016 до 2018 година, во случајот за пожарот во „Пулс“. Ваква одлука донеле обвинителите, а Љупчо Коцевски рече дека не биле најдени докази против нив и затоа постапката се запира.

Незири беше во куќен притвор што значи дека сега може да бара државата да го обештети. Куќи беше амбасадор во Норвешка кој откако стана осомничен веднаш се врати во Македонија.


Обвинети ќе бидат ексминистрите Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши. Тие се гонат за издавањето на лиценци на кабарето „Пулс“.

Можете да прочитате

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот

Една жена е во болница поради вдишување на чад од пожарот во Труберево – Тројца пациенти се испратени на домашно лекување

Димитријевиќ: Граѓаните ќе го препознаат концептот на СДСМ на изборите, ВМРО-ДПМНЕ ја губи довербата