Утрински Весник
Македонија

Коцевски предложен за разрешување поради крупни професионални грешки

Miteva marija .jpg

Потпаролката на Владата, Марија Митева, соопшти дека на денешната седница бил усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител, со што продолжува постапката која, согласно законските ограничувања, беше привремено запирана во изборниот период. Таа истакна дека причините за оваа иницијатива се јавно познати и досега повеќе пати детално образложени од страна на Владата, нагласувајќи дека се работи доследно и транспарентно, во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност.

„Нашата цел останува недвосмислена јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните“, изјави Митева.

Таа објасни дека Владата, врз основа на член 88 став 1 од Законот за јавно обвинителство и по добиено мислење од Советот на јавни обвинители, му предлага на Собранието да го разреши Коцевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија.

Како причини за иницијативата се наведуваат направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што довеле до нарушување на неговата ефикасност и функционалност, како и неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети, со што била повредена обврската за заштита на тајноста на постапката. Дополнително, се посочува и нарушување на угледот на Јавното обвинителство и личниот углед на Коцевски, како и непостапување согласно обврските утврдени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во Собранието.

Митева нагласи дека овој чекор е неопходен за одговорно, принципиелно и транспарентно владеење и заштита на институциите во служба на граѓаните.

Можете да прочитате

Стратешки односи меѓу Турција и Северна Македонија на симпозиумот во Истанбул

СДСМ со онлајн петиција: „Да ја одбраниме Македонија!“

Невработеноста достигна 11,5% и рекорд во сивата економија, 100.619 нерегистрирани работници