
Поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, гостувајќи вчера во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, изјави дека доказите кои се собрани не се однесуваат само на случајот во Кочани, туку упатуваат и на други потенцијални кривични дела.
„Ќе ви кажам дека од тие докази што ги собравме, освен за Кочани, има докази и за други одредени кривични дела, затоа што собравме и електронски уреди и така натаму на многу лица, коишто можеби се поврзани со поситни работи, поситни кривични дела, но тоа е еден сплет на околности којшто навистина покажува дека системот е релативен“, изјави Коцевски.
Тој посочи дека анализата на електронските уреди и доказите отвора поширока слика за состојбите во системот, нагласувајќи дека иако дел од случаите можеби изгледаат помали, нивната поврзаност укажува на подлабоки проблеми.


