
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Одлуката тој лично ја соопшти на прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции.
Неговата оставка доѓа само неполн час до почетокот на собраниска седница на која на дневен ред беше точка токму за негово разрешување.
Одлуката за покренување на постапка за негово разрешување беше донесена на владина седница на 9-ти декември. Портпаролката на Владата во образложението на одлуката потенцираше дека таа се носи поради неколку клучни точки.
му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство. Неовластено изнесување на информации, податоци за судски предмети со што ја поврдил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед.
Не постапувајќи согласно обврските што се предвидено со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласно со Уставот, изјави тогаш портпаролката на македонската влада, Марија Митева.


