Утрински Весник
Македонија

Коцевски е дискредитиран, со тоа што не дава оставка само докажува дека е на функцијата да ги штити од одговорност функционерите од СДС и ДУИ

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Коцевски е дискредитиран и нема доверба од јавноста. Довербата на народот во правосудството е помалку од 2 проценти, бидејќи Коцевски не отвoра предмети, не гони криминал и чува предмети во фиока.


Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДС се докажа само меѓусебната заштита, помеѓу тие кои го поставија од Струмица и Мала Речица и потребата од негово опстојување на функцијата за да ги штити од одговорност пред правдата функционерите од СДС и ДУИ.

Со што толку се задолжи Коцевски кај СДС и ДУИ што и покрај тоа што е делегитимиран не поднесува оставка и останува на позицијата?

Дали Коцевски се срами кога го бранат СДС и ДУИ?

Дали на Коцевски повеќе му значат лукративните цели и личната корист од владеењето на правото и правдата во државата?

Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е тотално отсутен.

Коцевски не превзема мерки и не постапува по значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција, поради тоа треба да ја прими пораката од народот и Собранието и да си даде оставка.

Коцевски да не ги држи во заложништво владеење на правото и правдата во државата и да си поднесе оставка.

На Македонија и се неопходни реформи и целосна трансформација на правосудството.

Можете да прочитате

Сиљановска‑Давкова: Измените во Кривичниот законик ги прифатив како транзициско решение до донесувањето на новиот Кривичен законик

Телефонски разговор на министерот Муцунски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи