Утрински Весник
Македонија

Коцевски договори британска помош за јакнење на обвинителствата и борба против организиран криминал

Viber image 2025 07 18 09 34 46 524.jpg

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика Британија.

На состанокот беа разгледани можностите за британска стручна поддршка и помош за македонските јавни обвинителства преку Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан, која се спроведува во пет земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Србија.


Програмата опфаќа 4 компоненти: зајакнување на судските институции, носење на независни обвинителски одлуки, подобрена транспарентност, јавен пристап и подобрена практика на изрекување казни како и подобрено управување и одговорност.

Јавниот обвинител Коцевски ги запозна британските експерти со состојбите во Јавното обвинителство, како и со нагласениот фокус на јакнење на истражните центри на обвинителството и на борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На работниот состанок, шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, првиот човек на најголемото основно јавно обвинителство во државата – ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител во ЈОРСМ Елвин Вели подетално со британските експерти разговараа за сите клучни активности во кои би можела да биде искористена британската стручна помош.

Притоа, како основен чекор во рамките на проектот беше усогласено финализирање на Методологијата за проценка на сложеност на предметите. Исто така преку програмата ќе бидат опфатени и структурирани обуки за јавни обвинители за повеќе конкретни теми. Воедно, дел од програмата ќе опфати и директно менторство во сложени предмети со цел согледување на најдоброто искуство и практики од Велика Британија во водењето и ефикасноста на обвинителските постапки.

Можете да прочитате

Материјална штета предизвикана од пожарите во кумановско

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови

Костовски обединува и најавува победа за подобро Куманово