Утрински Весник
Македонија

Коалиција Вреди: Лицемерно е ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби

20240629145339 Big 730x400 10.webp.webp

Соопштение на Коалиција ВЛЕН

Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциите, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите.

Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.

И, за крај..

Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!

Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!

Можете да прочитате

Се воведува летен времен режим на сообраќај и забрана за движење на патиштата низ Македонија

Не го погодиле мечот па сакале да ја запалат обложувалницата

Јаневска: Ниту една промена во образованието нема да се случи без консултации со наставниците