Утрински Весник
Македонија

Кој ги убива рибите во делчевска Брегалница​, прашуваат од Левицата

Fb Img 1721037392675.jpg

Локалните сточари во Делчевско, во атарот на селата Драмче и Бигла, забележале мртви риби по течението на реката Брегалница. Шокантни сцени, кои уште еднаш ги потврдуваат сомнежите за небрежноста и неспособноста на новата Влада да преземе вистински мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, истакнуваат од Левицата.

dobivaj vesti na vibe
„Љупчо Симоновски, самостоен општински инспектор, вели дека утринава е направен увид, при што е утврдено дека не станува збор за помор на риби и вели дека причините за тоа може да бидат многубројни. Како можни причинители ги посочи високите температури, намалениот водостој на реката, перењето, испуштањето хемикалии од средствата за прскање што ги употребуваат локалните земјоделци.

Загрижува и сомневањето дека може да станува збор и за ловокрадци, кои употребуваат динамит за ловење на рибите, за што од спортско-риболовното друштво постојано алармираат, но институциите се глуви за нивните предупредувања, кои речиси секоја година ја игнорираат оваа пракса“, се додава во реакцијата на оваа партија.

Левицата, како што истакнуваат, ќе им излезе во пресрет на сите здруженија што вистински се залагаат за ставање крај на ваквото уништување на природната околина и нејзините ресурси за на крајот да бидат откриени и казнети сите виновници.

Потенцираат дека новата Влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ мора да преземе одговорност и да покаже дека вистински се грижи за животната средина и за иднината на реките.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње