Утрински Весник
Македонија

„Кој е следен“ во сабота организира Народно собрание

Screenshot 2025 03 27 132439.jpg

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ за во сабота на 29ти март организира Народно собрание.

Во најавата се потенцира дека на настанот прво ќе се презентираат барањата на иницијативата, а потоа ќе има отворена дискусија,


„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието.

Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме.

Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди на одмор.

Како ќе изгледа настанот? Настанот ќе биде поделен во 2 дела:
1. Презентирање на барањата, во првиот дел ,,Кој е следен?” ќе ги презентира своите барања во целост;
2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.

Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее.

Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор.

Се гледаме пред Собрание. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик“ се наведува во објавата.

Можете да прочитате

Филков до Милошоски: Наместо манипулации, одговорете за правосудниот хаос што го оставивте!

Милошоски: Сите чинители во општеството треба да дадат придонес за почитување и имплементација на постоечките законски норми

Сашко Митовски: Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум