Утрински Весник
Скопје

Кој е надлежен: Фотелја и делови од покуќнина со денови оставени на троатар во Порта Влае – никој не ги собира

Image 229592.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На социјалната мрежа Фејсбук, во групата “Стари Скопјани” се појави фотографија на која се гледа како купишта кабаст отпад, фотеља и делови од покуќнина стојат расфрлени на троатоар во скопската населба Порта Влае во општина Карпош. Од она што може да се зебележи е дека контејнерите се празни што значи дека надлежните служби ги исчистиле но отпадот надвор од нив го оставиле. Авторот на фотографијата прашува кој е надлежен да го собере овој отпад.

„Јавно упатувам прашање дали некој знае..до Град Скопје, до општинските служби до градоначалничката и најмногу до ЈПКХС кој е надлежен и одговорен за кабастиот отпад што не го собира во контејнерите и зошто никој не го собира од тротоарите“, пишува во објавата


Можете да прочитате

Девет лица приведени во Скопје поради поседување дрога

Украдена бистата на Вера Јоциќ во Скопје

Жичарницата на Водно затворена поради силен ветар