Утрински Весник
Македонија

Која е просечната возраст во Македонија?; Албанија има најмладо население на Балканот, а Грција најстаро

Која е просечната возраст во Македонија?; Албанија има најмладо население на Балканот, а Грција најстаро

Најмлада популација во регионот има Албанија со просечна возраст од 38 години и Црна Гора со 39,4 години.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на „Евростат“, најстари граѓани во регионот се Грција и Хрватска, со просек од 46,1 односно 45,4 години.

Во Бугарија просечната возраст е 45,1 година, во Србија 44,1 година и во Македонија 41,1 година.

Просечната возраст на населението во ЕУ минатата година беше 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012 година, соопшти „Евростат“.

Кипар има најмладо население во ЕУ со просек од 38 години, додека Португалија (46,8) и Италија (48) имаат најстари.

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголеми во сите земји-членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се намали од 40,8 на 40,7 години.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Јавниот сектор спорадично користи вештачка интелигенција, наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“