Утрински Весник
Магазин

Клуни и Робертс ја повториле сцената на бакнување 80 пати

Клуни и Робертс ја повториле сцената на бакнување 80 пати

Џорџ Клуни и Џулија Робертс глумат во новата романтична комедија „Билет за рајот“ и кога требало да се сними филмски бакнеж, таа сцена изгледа им направила проблеми.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Њујорк тајмс“ објавено во понеделникот, Клуни (61) и Робертс (54) се пошегуваа дека еден бакнеж меѓу ликовите што ги глумат – разведени родители кои повторно се здружуваат во обид да ја спречат нивната ќерка да се омажи – траел шест месеци.

Имено, сцената во која се бакнуваат морала да се повтори дури 80 пати.

„Беа потребни 79 кадри додека се смееме, а потоа еден како се бакнуваме“, откри Џулија во разговорот со „Њујорк тајмс“.

А Џорџ додаде: „Да, ѝ кажав на мојата сопруга Амал дека беа потребни 80 обиди. Таа рече: Како е можно тоа?“

Додека го промовираа филмот заедно, тие низ шега открија дека им биле потребни шест месеци да ја усовршат сцената на бакнување.

Ова не е првпат да мораат да се бакнуваат на филм. Џорџ ја бакна Џулија во филмот „Единаесеттемина на Оушн“ од 2001 година.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата