Утрински Весник
Свет

Клучната струја на Атлантскиот океан е пред колапс, научниците предупредуваат на нова климатска катастрофа

Клучната струја на Атлантскиот океан е пред колапс, научниците предупредуваат на нова климатска катастрофа

Научниците ги проучуваат промените на главната струја во Атлантскиот океан.

dobivaj vesti na viber

Последниот пат кога имаше големо забавување на моќните океански струи во Северен Атлантик, а тоа ја втурна Европа во екстремен студ повеќе од илјада години. Тоа се случило пред околу 12.800 години.

Научниците во Данска оваа недела утврдија дека може да очекуваме ново ненадејно слабеење на океанските струи, па дури и прекин, најдоцна до крајот на овој век.

Климатолозите генерално се согласуваат дека океанските струи во Атлантикот ќе ослабат овој век, но не постои консензус за тоа дали драстично забавување со несогледливи последици за климата ќе се случи пред 2100 година, пишува „Њујорк Тајмс“.

Новото истражување, објавено во списанието „Nature Communications“, предупредува дека има се повеќе научни докази дека континуираното ослободување на стакленички гасови создадени од човекот може да доведе до климатска „пресвртна точка“, со брзи и неповратни еколошки промени.

Коавторката на тој научен труд, Сузане Дитлевсен, професорка по статистика на Универзитетот во Копенхаген, предупредува дека новите наоди се доволен аргумент дека климатскиот распад повеќе не се смета за апстрактна, далечна закана. Ова се случува овде и сега, предупредува данската научничка.

Научниците ги проучуваат промените во главната струја во Атлантскиот Океан. Таа носи површинска топла солена вода на далечниот север каде што по ладењето се повлекува на дното и тече на југ. Овој систем на океански струи пренесува важен дел од топлинската енергија од тропските области до северниот дел на Атлантикот, од каде топлината оди во атмосферата.

Оваа струја ја транспортира топлата океанска вода од тропските предели преку Голфската струја, а потоа поминува по југоисточниот брег на САД пред да се сврти кон северот на Европа. Кога океанските води ја ослободуваат својата топлина во воздухот на далечниот север, тој станува постуден и погуст и тоне во длабочините на океанот враќајќи се во екваторот. Овој ефект на потопување, или превртување, им овозможува на океанските струи да пренесат огромно количество топлина околу планетата, поради што имаат исклучително големо влијание врз климата во областа на Атлантикот и пошироко, според „Њујорк Тајмс“.

Меѓутоа, бидејќи атмосферата се загрева поради човечкото влијание, ледената покривка на Гренланд се топи и голема количина свежа вода се влева во Северниот Атлантик, што може да ја наруши рамнотежата што го одржува овој проток.

Делот од Атлантикот јужно од Гренланд е значително постуден во последниве години, што некои научници го гледаат како доказ дека северноатлантската струја (AMOC) забавува.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење