Утрински Весник
Спорт

Клуб од САД испратил понуда за Барди

Клуб од САД испратил понуда за Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди најверојатно ќе го напушти Трабзон во летниот преоден рок. Трабзон за Барди бара најмалку 4.500.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Барди, на почетокот на минатата сезона пристигна во Трабзон од Леванте. Одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола.

Турските медиуми објавија дека интерес за Барди покажал клуб од американската МЛС лига. Според овие извори Трабзон нема да се противи на трансферот, но само доколку заинтересираниот клуб понуди најмалку 4.500.000 евра.

Инаку, деновиве Барди се поврзува со италијански Торино и членот на Чемпионшип дивизијата, Хал сити.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина