Утрински Весник
Спорт

Клоп за трансферите: Не играме Монопол

Клоп за трансферите: Не играме Монопол
Dik 300x250 mk

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Холанѓанецот Коди Гакпо би можел да биде единственото засилување на неговиот тим во јануарскиот преоден рок.

dobivaj vesti na viber

Клубот од „Енфилд Роуд“ го ангажираше Гакпо од ПСВ Ајндховен за 37 милиони фунти, откако 23. годишниот напаѓач имаше одличен турнир на Светското првенство во Катар, постигнувајќи три гола за својата земја.

„Не сакам никого да разочарам, но веќе доведовме неверојатен играч, во ликот на Коди Гакпо. Веќе ги прочитав насловите за тоа кој ќе биде следен во Ливерпул?!“, изјави Клоп во пресрет на првенствениот натпревар против Брентфорд, закажан за понеделник вечер од 18:30 часот.

„Ова не е Монопол, не можеме така да работиме. Ние никогаш не го правиме тоа. Тоа е важен дел од нашата филозофија. Верувам и имам целосна доверба во играчите и не можам постојано да го доведувам во прашање нивниот квалитет, барајќи други фудбалери на нивната позиција“.

Ливерпул ги победи последните четири натпревари во Премиер лигата за да се искачи на шестото место на табелата, но лошиот настап на тимот пред Светското првенство го остави клубот од Мерсисајд на 15 бода зад лидерот Арсенал и практично му ја ускрати шансата да се бори за титулата.

 

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации