Утрински Весник
Спорт

Клоп: Конечно, ќе можеме да испиеме пиво

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, конечно има причина за насмевка, но и да испие пиво. Традицијата во клубот од „Енфилд Роуд“ е стручниот штаб и фудбалерите да испијат по неколку пива за секоја победа на гости.

dobivaj vesti na viber

Ливерпул го победи Глазгов Ренџерс со 1:7, што особено го израдува Јирген Клоп.

Германецот во свој стил ја прокоментира оваа убедлива победа.

„Обично сакаме да пиеме пиво по победа на гости, но сега помина толку долго, веројатно ќе бидам пијан по првото“, изјави Клоп во негов стил.

Во Премиер лигата имаат скор 0-2-2 надвор од „Енфилд“, а во Лигата на шампионите загубија во Неапол.

Ливерпул в недела го пречекува Манчестер Сити во дербито на колото во Премиер лигата.

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула