Утрински Весник
Спорт

Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа и стана осми тим со ваков ефект

20241112083338 Big 730x400 10.webp.webp

Кливленд Kавалирс ноќеска го победи Чикаго Булс со 119:113 на гостински терен во натпреварот од регуларната дел на НБА-сезоната.

За Кавалирс победата беше 12-та по ред на стартот од сезоната. Кливленд стана осмиот тим во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со 12 победи во 12 натпревари.

Тимот предводен од Кени Аткинсон води на табелата во Источната конференција.

Следен натпревар на Кливленд е на 14 ноември кога ќе гостува кај Филаделфија.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување