Утрински Весник
Македонија

Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“

Скопјанка пријавила дека и’ бил украден накит по операција на комплексот клиники

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопшти дека од денеска се реновира објектот во кој е сместена преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство.

dobivaj vesti na viber

За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, за што овие установи имаат доволно капацитети.

Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8-ми Септември“-Скопје, а амбулантата за детска и адолесцентна психијатрија ќе функционира во склоп на Заводот за ментално здравје „Младост“-Скопје.

Можете да прочитате

За еден ден приведени 10 возачи

Битолчанец вработен во училиште во притвор по меѓународна акција за детска порнографија

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди