Утрински Весник
Македонија

Клиниката „Санте Плус“ блокирана во Албанија – полицијата го бара сопственикот Билал Кара со потерница

Img 6057.jpeg

Албанските медиуми денеска објавија дека 45-годишниот Билал Кара е распишан за потерница од полицијата во Тирана, поради сомнежи за сериозни злоупотреби поврзани со работењето на приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во Албанија.

Кара, кој во 2023 година беше именуван за почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со седиште во Измир, е еден од сопствениците на клиниката.


Според информациите, клиниката е блокирана откако биле пронајдени индиции дека не пријавила профит во вредност од околу еден милион евра. За време на контролите, полицијата открила и сериозни неправилности – меѓу кои издавање и продажба на лекови со истечен рок, како и дистрибуција на шверцувани медицински производи.

Дополнително, кај пет вработени било утврдено дека работеле без здравствено и социјално осигурување, што претставува прекршување на трудовите и здравствените регулативи.

Групацијата „Санте Плус“ е присутна и во Македонија, каде што има своја болница, што го отвора прашањето дали и во земјава ќе бидат преземени проверки за работењето на оваа компанија.

Случајот предизвикува големо внимание во албанската јавност, особено поради тоа што Кара има дипломатски статус како почесен конзул на Северна Македонија во Турција.

Можете да прочитате

Може ли Чаир да биде политички гробар на Али Ахмети?

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025