Утрински Весник
Економија

Клима уред или субвенција за струја – услови и потребни документи за аплицирање

814680 vnimavajte evn isprati visoki smetki za struja.jpg

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објави јавни огласи за поддршка на домаќинства во состојба на енергетска сиромаштија.

Мерките предвидуваат:


  1. Право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа најмалку А+.
  2. Финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за домаќинства во кои живеат лица со тешка попреченост, целосно слепи или целосно глуви лица.

Целта на огласот е да се заштитат најранливите категории граѓани преку унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеењето.

Критериуми за клима уред
Право имаат домаќинства со ниски приходи или пензионери со ограничен месечен доход, при што се утврдени максимални износи во зависност од бројот на членови. Ограничувањето важи и за оние кои во последните пет години добиле субвенција за клима уред, печка на пелети или имаат приклучок на централно греење.

Критериуми за финансиска помош
Оваа мерка е наменета за домаќинства со лица со најтешки форми на интелектуална или телесна попреченост, како и целосно слепи или глуви лица.

Аплицирање и рокови
Барањата со потребната документација се поднесуваат по пошта или лично на адресата на Министерството (ул. „Македонија“ бр. 27 – Скопје). Обрасците се достапни на официјалната веб-страница.
Рокот за аплицирање за клима уред е 60 дена од објавувањето (до 5 октомври 2025), а за финансиска поддршка за струја – 30 дена (до крајот на август 2025).

Контакт телефони за повеќе информации: 071 319 074 и 070 381 162, е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk.

Можете да прочитате

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение