Поранешниот украински и светски боксерски шампион Владимир Кличко (47) изјави дека на вооружените сили на Украина им е потребна муниција, а не војници на НАТО.
„Дебатата за војниците на НАТО во Украина го одвлекува вниманието. Не ни требаат германски војници. Не ни треба војниката на НАТО. Сето ова можеме да го направиме со супериорното вооружување што треба да го добиеме од слободниот свет и од НАТО. Ни треба муниција. Ни треба подобро оружје. Не ни требаат војници“, рече тој во интервју за Билд, коментирајќи ги разговорите за испраќање западни трупи во Украина.
Братот на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко исто така истакна дека светот „ја напушта Украина“ и дека не обезбедува доволно оружје за одбрана.
Во вторникот, Макрон, говорејќи пред новинарите по конференцијата за поддршка на Украина во Париз, рече дека лидерите на западните земји разговараат за можноста за испраќање војници, но дека не постигнале консензус.
Коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да испорачува крстосувачки ракети Таурус за одбрана од Русија, бидејќи, како што наведе, постои голем ризик Германија да стане страна во војната, Кличко. рече дека е „многу разочарувачки“.
„За да се одбраниме ни треба оружје! Во војна не се тепаш со тупаници како во мојата поранешна кариера!“, рече тој.
Тој ја предупреди германската влада дека ќе има домино ефект доколку не и се достави оружје и муниција на Украина.
„Ако паднеме, нема да бидеме последни во Европа“, предупреди тој.