Утрински Весник
Македонија

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

20250730152128 big 730x400 43.webp.webp

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик  Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.

– Прашање е колку брзо можат административно да се постигнат тие процеси, затоа што треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целoсно посветеност сите што неколку години  работеле со договри на дело да добијат договори на неопределено време и со тоа да им се реши статусот, рече Клековски.


Како што информира Александар Бузалков директор на ЈЗУ Општа болница Велес, во велешката болница има седум работници со договор на дело. Се надева дека по изборите ќе добијат согласност за нивно вработување на неопределено време како што и било договорено со надлежните. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски” до Драчево 

Два месеци имав укажувања дека треба да ја повлечам мојата кандидатура за судија во судот во Стразбур, сведочи обвинтелката Ристовска