Утрински Весник
Македонија

Клековски: Граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки за да се избегнуваат измами од други лица

Klekovski1.jpg
Dik 300x250 mk

Постојано повикуваме граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки. На апликацијата „Мое здравје“ можат да вршат увид на прегледите и здравственото осигурување. Доколку увидат некои упати за здравствени услуги, што тие не ги користеле, да поднесат пријава до Фондот за здравствено осигурување. Ние постапуваме по сите предмети, вршиме проверки и такви случаи има редовно.

Вака денеска одговори на новинарско прашање, директорот на Фондот, Сашо Клековски, во однос на случајот со злоупотребата на лични податоци, при преглед на Пластична хирургија, преку апликацијата „Мое здравје“, при што граѓанка реагирала дека на име на нејзиниот татко, друг граѓанин се прегледал и оперирал, па тоа што било отстрането, било пратено на Патологија.


– Овде станува збор за измама на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи претпоставувам дека е третиран пациент, кој немал здравствено осигурување. Инаку не би имало потреба да се користи туѓо име за здравствен третман, појасни тој.

Клековски додаде дека и самиот Фонд работи на тоа да има поголема контрола на системот за упати, а граѓаните да бидат известувани преку СМС-пораки. За да се намалат злоупотребите.

Можете да прочитате

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик