Утрински Весник
Спорт

Клаузулата за лојалност на Мбапе секоја година му носи 60 милиони евра

Клаузулата за лојалност на Мбапе секоја година му носи 60 милиони евра

Француски „Лекип“, изминатите денови објави голем број ексклузивни вести во врска со договорите и платите во францускиот фудбал. Последниот од нив се однесува на Килијан Мбапе, фантастичниот 24. годишен напаѓач на ПСЖ и француската репрезентација, кој и оваа сезона води на листата на стрелци со 19 гола.

dobivaj vesti na viber

Според нивните информации, францускиот шампион неодамна на Килијан Мбапе му платил сума еднаква на десет негови месечни плати. Поточно, станува збор за цифра од 60 милиони евра која напаѓачот ја доби благодарение на посебната клаузула во договорот наречена „клаузула за лојалност“.

„Лекип“ пишува дека ПСЖ е должен да му плати на Мбапе 60 милиони евра за секоја сезона која ќе ја мине во клубот. Кога на тоа ќе се додаде неговата годишна плата од 72 милиони евра, се доаѓа до цифра од 132 милиони евра кои ПСЖ ќе му ги плати на Мбапе само за оваа сезона. Со ова сакаат да го поттикнат да потпише нов договор. Актуелниот истекува во летото 2024 година, а Реал Мадрид веќе неколку сезони се обидува да го доведе.

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа