Валенсија успеа да извлече 1:1 реми со Рајо Валјекано на „Месталја“ за да излезе од зоната за испаѓање во сезона во која „лилјаците“ грчевито се борат за опстанок.
Санти Комесана ги донесе гостите од Мадрид во водство по само девет минути игра, по што сите обиди за израмнување на домаќините завршуваа или со одбрана на Столе Димитриевски или со реакција на одбраната. Меѓутоа, во 81. минута беше досуден пенал за Валенсија, а Јустин Клајверт го надмудри Димитриевски за израмнување.
Со поенот, Валенсија се искачува на 17. место на табелата со 27 поени, колку што зад нив имаат и Еспањол и Алмерија. Рајо, кои се без победа веќе шест меча, се на осмото место со 37 поени.
We keep forgetting that Justin Kluivert is still only 23 years old pic.twitter.com/GeKhYPlJPq
— Yu (@YucciMane) April 3, 2023