Утрински Весник
Магазин

Китови-убијци се обидувале да превртат едрилица во близина на Ибица

Китови-убијци се обидувале да превртат едрилица во близина на Ибица

Морнар доживеал шок кога неговата едрилица била опкружена и нападната од јато китови убијци.

dobivaj vesti na viber

Луис Едвардо Алвес Лима пловел кон Ибица кога забележал китови како пливаат недалеку од неговиот брод, но убавата сцена се претворила во драма во еден миг, кога една голема орка почнала агресивно да го напаѓа неговиот брод.

– Не сфатив дека сум нападнат додека по неколку минути не ја видов орката како го крши кормилото. Сфатив колку е сериозна ситуацијата и дека не се пријателски расположени како делфините – изјави Лима.

И покрај тоа што едрилицата била цврста, китовите најпрвин успеале да го скршат кормилото, а потоа речиси да ја превртат.

– Нападот беше многу интелигентно изведен – изјави Лима.

Китовите заминае по 20 минути за да се вратат подоцна да ја довршат својата работа.

Лима брзо испловил на брегот за да го поправи својот брод и рече дека имал среќа што избегал.

– На една од снимките може да се види како женка со младенче се приближува и го напаѓа кормилото. Потоа се повлекува и младенчето почнува да напаѓа. Тоа дефинитивно беше некаква форма на настава – вели Лима.

Јато китови убијци во мај повеќе од еден час се обидувале да потопат брод полн со британски туристи.

Џенет Морис и Стивен Бидвел од Кембриџ уживале на тура за едрење покрај брегот на Мароко, кога орките почнале да удираат во пловилото. Нападот наводно траел еден час, но екипажот успеал да го одвезе чамецот на безбедно.

Џенет Морис откри дека во еден момент сите ги извадиле своите скапоцености и пасошите од чамецот и сакале да влезат во чамецот за спасување.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста