Истражувачите се обидуваат да откријат зошто групи орки постојано ги оштетуваат пловилата во Гибралтарскиот теснец – понекогаш дури и ги потопуваат. Многумина веруваат дека таквото однесување не е агресија, туку тинејџерски лудории.
„Отпрвин тоа беше само една орка која скокна од водата и се нурна меѓу двата трупа на 14-метарската едрилица. Ни изгледаше како извидник“, рече Ејми, една од четиричлената посада на едрилицата што минувала низ Гибралтарскиот теснец на пат кон Грција.
„Неколку минути подоцна, китот се врати – со неколку други. Пет или шест од нив почнаа да удираат во трупот на едрилицата, вели Ејми. „Не се исплашив,“ додаде таа.
Ејми не била свесна за фактот дека има неколку стотици слични инциденти во истата област – некои резултираа со бродоломи. Сепак, досега нема повредени луѓе.
Од јули 2020 година, морнарите во Гибралтарскиот теснец и долж атлантскиот брег на Иберија пријавија напади на орки на нивните пловила, однесување кое, дотогаш, беше невообичаено и ретко.
Орките, наречени и китови-убијци, припаѓаат на семејството на делфини. Тие живеат колку луѓето и одржуваат блиски социјални контакти со своите семејства. Без разлика дали во ледените води на Антарктикот или тропските предели, во крајбрежните води или на отворено море, различни субпопулации на орки постојат речиси насекаде.
Истражувачите откриле дека секоја популација развила свои преференци за храна, јазици и однесувања. Досега, само популацијата „орка иберика“ (Orca Iberica) развила склоност кон удирање чамци.
По 20 минути, групата китови си заминала. Но, во тие 20 минути, екипажот доживеал емотивен тобоган: фасцинација од изгледот на животните и чистата моќ измешани со возбуда и загриженост поради ризикот едрлицата да потоне.
„Никогаш не почувствував дека напаѓаат. Изгледаше како меѓугенерациска игра“, рече Ејми.
Биологот Моника Виланд Шилдс вели дека толкувањето на Ејми е веројатно најверојатното објаснување за тоа што се случувало тој ден на едрилицата.
„Ако навистина нападнат конкретно, штетата би била многу поголема“, вели бихејвиоралниот научник и директор на Институтот за однесување Орка, научна организација која го истражува однесувањето на две популации на орки во близина на брегот на американската држава Вашингтон.
Истражувачите велат дека орките ги напаѓаат едрилиците од забава, а не од агресија.