Општина Кисела Вода го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенционирање на дел од месечните сметки за потрошена електрична енергија на социјално –ранливите категории.
„ Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе жители кои ги исполнуваат критериумите зададени со јавниот повик, на нивно барање, бараната документација може да се достави уште 7 работни дена од првично предвидениот рок, односно до 16.09.2022 година до 19 часот.
Се работи за финасиска помош која Општина Кисела Вода ја обезбеди преку донација од приватна компанија и која има за цел социјално загрозените семејства, самохраните родители и децата без родители полесно да ги подмират сметките за потрошена струја. Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош“ велат од општината.
Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница.
Дополнителни информации може да се добијат преку лицата за контакт:
Ана Ѓуроска [email protected] 071/391-167
Марјана Блажевска [email protected] 072/248-526
Документите треба да се достават со Архивата на Општина Кисела Вода, а изборот ќе го врши повеќечлена комисија. Подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата.
Продолжен е и проектот “Храна за сите”, преку кој се обезбедуваат хуманитарни пакети за економски немоќните лица, а сите семејства кои имаат првоодделенче, од Општината на првиот училишен ден, добија бесплатни училишни чанти со тетратки и прибор.
Во периодот што следи Општина Кисела Вода најави нов сет мерки, со цел овој тежок финасиски период полесно да се преброди.