Утрински Весник
Спорт

Кире Ристевски трет Македонец во Пјуник

Кире Ристевски трет Македонец во Пјуник

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кире Ристевски е нов фудбалер на Пјуник. Тој е третиот играч од Македонија кој во овој преоден рок се пресели во ерменскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

По Марјан Радески и Стефан Спировски, и дефанзивецот Кире Ристевски ја прифати понудата за преселба во Ерменија.

Кире Ристевски пред десетина дена ја раскина соработката со кипарскиот тим АЕЛ Лимасол.

Ристевски во минатото беше дел од Пелистер, Работнички, Елбасан, Билиш Балш, Тирана, Славија, Вашаш и од Ујпешт. За репрезентацијата на Македонија досега има 57 натпревари.

Можете да прочитате

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата

Рустемовски избори четвртфинале на ЕП во бокс

Струга реди домашни победи без примен гол