Утрински Весник
Спорт

Кирјос го елиминира шампионот на Ју-ес опен

Кирјос го елиминира шампионот на Ју-ес опен

Актуелниот шампион на Ју-ес опен, Данил Медведев, не успеа да се пласира во четврт-финалето на последниот Грен слем. Светскиот број еден доживеа елиминација од Ник Кирјос.

dobivaj vesti na viber

Австралиецот, Кирјос по 176 минути игра, го победи Медведев со 3:1, по сетови 7:6 (11), 3:6, 6:3, 6:2. Кирјос и овој дуел го одигра фантастично и исто како неодамна на Мастерсот во Монтреал, забележа победа над рускиот тенисер.

Медведев не можеше да го задржи ритамот на мечот кој го посакуваше, Ник одлично сервираше, одигра агресивно и на крајот сосема заслужено по четврти пат славеше во петтата пресметка со тенисерот од Москва.

Клучен за целиот тек на мечот беше првиот сет, Кирсој тај-брејкот го доби со 13:11, откако Медведев не искорсти три сет топки.

Во вториот, Русинот личеше на себе, експресно дојде до 5:1, а потоа и до израмнување на 1:1.

Сепак во третиот и четвртиот сет на теренот постоеше само еден играч, Кирјос, кој буквално го збриша шампионот од теренот.

Кирсјо во четврт-финалето ќе игра против сонародникот на Медведев, Карен Хачанов.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација