Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Кинжал“ против „Патриот“: Русите велат дека го уништиле моќниот американски систем, а Украинците дека му задале шокантен удар на Кремљ

„Кинжал“ против „Патриот“: Русите велат дека го уништиле моќниот американски систем, а Украинците дека му задале шокантен удар на Кремљ
300x250 opst2

Руските воздухопловни сили тврдат дека со хиперсонична ракета „Кинжал“ го уништиле системот за воздушна одбрана „Патриот“ од американско производство, распореден во пошироката област на Киев.

dobivaj vesti na viber

Ова денеска го изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој рече дека системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ е уништен со прецизен удар на хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“, пренесува ТАСС.

Конашенков додаде дека вооружените сили на Русија синоќа извршиле концентриран удар со прецизно оружје врз воени објекти во Украина.

Целите биле точките на распоредување на единиците на вооружените сили на Украина, магацини со муниција, оружје и воена опрема, вклучително и испорачани од западните земји, рече Конашенков, пренесува РИА Новости.

„Целта на нападот е постигната. Сите посочени цели се погодени“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Украина претходно објави дека во текот на претходната ноќ ги соборила сите 18 проектили лансирани од руските сили, вклучително и шест хиперсонични ракети „кинжал“.

Главниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни, утрово се пофали дека нивните воздушни сили и воздушна одбрана ги пресретнала сите 18 ракети лансирани од руските сили во текот на ноќта кон Украина, пишува Слободна Далмација.

 

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот