Утрински Весник
Македонија

Кинотеката со богата и естетски разновидна филмска програма во јули

20250629100855 big 730x400 80.webp.webp

Од „Кинотека“ најавија „исклучително богата и естетски разновидна филмска програма“ во месецот што следува – јули.

– Со внимателно куриран репертоар што ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, „Кинотеката“ уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите кинематографски визии, се наведува во денешното соопштение.


Според најавите, заинтересираните ќе имаат можност да ги погледнат филмовите. „Филаделфиска приказна“ (The Philadelphia Story, 1940), „Булевар на самракот“ (Sunset Boulevard, 1950), „Лаура“ (Laura, 1944), но и „Арманд“, „Семето на светата смоква“ (The Seed of the Sacred Fig, 2023), „Жена од…“ (Kobieta z…, 2024).

– По повод 125-годишнината од раѓањето на големиот шпански и светски режисер – Луис Буњуел, „Кинотеката“ ќе оддаде почит кон овој мајстор на надреализмот, критичар на буржоаскиот морал и вечен провокатор. Буњуеловото дело останува бесценето сведоштво за силата на филмот како средство за разобличување на општествените лицемерства и потсвеста на човекот, се нагласува во соопштението.

За в среда со почеток од 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на „Кинотека“, најавена е соработка со Друштвото на писателите на Македонија – проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.

Можете да прочитате

AA: Во Собрание се потврди, оваа Влада нема легитимитет и е моноетничка

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик

На Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕ, за решението треба да се гласа и на пленарна седница