Утрински Весник
Свет

Кинеската армија спроведе воени вежби во Тајванскиот теснец

20250402091430 Big 730x400 54.webp.webp
Dik 300x250 mk

Кинеската војска денеска соопшти дека спровела воени вежби и симулирала напади врз пристаништата и енергетската инфраструктура околу Тајван.

– Кинеските вооружени сили спроведоа вежби со оружје со долг дострел и прецизни напади врз симулирани цели на клучните пристаништа и енергетски објекти, изјави портпаролот на Источната команда на кинеската војска.


Маневрите се изведуваат во Тајванскиот теснец, клучен за глобалниот поморски транспорт.

Овие маневри експертите често ги опишуваат како проби на кинеската војска за потенцијално опкружување на Тајван.

Стејт департментот ја обвини Кина за „загрозување“ на регионалната безбедност, додека Белата куќа го повтори „американското противење на секој едностран обид за промена на статус кво со сила или принуда“.

Кина го смета Тајван за дел од својата територија што не успеа да ја обедини со копното од крајот на кинеската граѓанска војна во 1949 година.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени