Утрински Весник
Магазин

Кинеска туристка правела селфи на вулкан во Индонезија, паднала во езерото и починала

1 4.webp.webp

Триесет и едногодишна кинеска туристка загинала во текот на викендот откако паднала во кисело кратерско езеро во индонезиската провинција Источна Јава, објавија локалните медиуми.

Туристката правела селфи со својот сопруг кога во саботата се лизнала и паднала во кратерот Ијен длабок 75 метри во областа Банјуванги, објави Kompas.com.

Туристичкиот водич на парот рече дека жената стоела на околу 2-3 метри од работ на кратерот, но потоа се доближила до дрвениот предмет зад неа за подобра фотографија.

“Кога зачекорила нанзад, се сопнала од долгото здолниште. Се сопна и падна”, рекол водичот.

На спасувачите им биле потребни два часа за да го извлечат телото на жената. На местото на настанот била констатирана смрт.

Кратерот Ијен е дел од вулканскиот комплекс Ијен, кој е активно вулканско подрачје.

Можете да прочитате

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив

Обид за убиство на Аца Лукас – настапот на Јахорина откажан