Утрински Весник
Свет

Кина воведе санкции за две американски компании поради продажба на оружје на Тајван

Picture 594 660x418 1.jpg

Кина денеска соопшти дека вовела санкции за две американски компании за производство на воена опрема поради продажба на оружје на Тајван, кој го смета за отцепен остров што мора да биде вратен дури и со сила. Со санкциите се замрзнуваат средствата на „Џенерал Атомик Аеронаутикал Системс“ и „Џенерал Динамик Ленд Системс“ во Кина. Со оваа мерка се забранува и влез на менаџментот на тие фирми во земјата. „Џенерал Динамик“ му помага на Тајван да купи тенкови „Абрамс“ за да го замени стариот тип со цел да се одврати или да се спротивстави на инвазијата од Кина. „Џенерал Атомик“ ги произведува беспилотните летала „Предатор“ и „Рипер“ што ги користи американската војска. Кинеските власти не кажаа ништо за наводната вмешаност на компаниите во испораката на тоа оружје на Тајван.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет